11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопје добива мини зоолошка каде што децата ќе може да си играат со животните

Скопје ЗОО добива мини зоолошка градина за најмладите, соопштија од Зоолошката градина.

„По теркот на европските и светските, и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби ЗОО. Тоа е заградена мини зоолошка градина, каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на ЗОО-негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив“, изјави директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски.

Целта е, како што додаде, децата уште од мали да ги почувствуваат љубовта и грижата кон животните.

„Доколку уште од мали научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат, ќе ја имаат онаа ЗОО-култура што сега недостига кај нас“, истакна Галетановски.

Спонзорирано: