11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, нема хаварија во РЕК Битола туку планирано исклучување на блокот 1

Нема крај на лагите и забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ чијашто хиперпродукција на лажни вести добива драматични размери. Антинародната ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже дека се случил наводен дефект во блок 1 во РЕК Битола. Вистината е дека станува збор за испланирано исклучување на блокот заради проверка и техничка нега на блокот, кои ќе траат од осум до десет дена, велат од СДСМ.

„Оваа активност навремено беше најавена и преку официјално соопштение на АД ЕЛЕМ до јавноста, што само докажува до каде оди безобразието на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кога се осмелува да лаже при јавно достапни информации.

Испадите на мрежата, хавариите во РЕК Битола, злоупотребата на комбинатот заради остварување на партиски и бизнис-интереси преку увоз на скапа струја беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

За првпат по долги години сите три блока во РЕК Битола работат и во зима, а Македонија од земја зависник на увозна струја, денес произведува струја повеќе отколку потребното.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го урнисаа енергетскиот систем, за 100 отсто ја поскапеа струјата и ја направија Македонија зависна од увоз на скапа струја. Очигледно е дека не можат да се помират со енергетскиот развој на Македонија и затоа не им преостанува ништо друго освен да шират лажни вести и невистини преку кои се обидуваат да ја манипулираат јавноста“, порачаа од СДСМ.

Спонзорирано: