Секогаш во средиштето на збиднувањата...

РЕЦЕПТ: Мусака од модар патлиџан (ВИДЕО)

И нема рамна, оваа мусака е една од најдобрите, има изглед, вкус, сочност, богато е филувана…

Состојки:

3 поховани модри патлиџани
1 главица кромид
2 чешниња лук
500 гр мелено месо
2 лажици кечап
200 гр интегрален ориз
веза магдонос
1 лажица сув зачин
1 лажица пипер
малку бибер
масло
вода
Состојки за прелив:

2 јајца
200 гр кисела павлака
1 дл вода
Начин на подготовка:

Исечкајте кромид и лук па пропржете ги на 4-5 лажици масло. Додајте мелено месо, 1,5 дл вода, обварен ориз, па крчкајте десетина минути.

Потоа додајте зачин, бибер, пипер, магдонос и кечап. Кратко крчкајте па почнете со редење на мусаката.

Намастете тепсија, ставете ред поховани модри патлиџани, ред месо, премачкајте во тенок слој прелив па повторно ред патлиџан, месо, прелив, патлиџан и на крај богато прелијте со прелив.

Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути со фолија и уште 10 минути без фолија.

Добар апетит!