13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Превртен колач со праски и ореви

Рецепт за брз и лесен колач од праски или кајсии во одлична комбинација со исечкани ореви. Уживајте во уште еден одличен десерт!

Состојки:

4-5 зрели праски
3 јајца
150 гр путер или маргарин
8 лажици шеќер
3 лажици масло
14 лажици брашно
2 дл јогурт
150 гр крупно сечкани ореви
3-4 дл слатка павлака
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени, намастете мала тепсија со маргарин, посипете со брашно и по дното ставете 3 лажици шеќер. На тоа ставете исечкани праски па разматете тесто.

Разматете јајца, шеќер, путер, додајте јогурт и масло и повторно кратко разматете, па ставете брашно и прашок за печиво.

Со добро разматената маса прекријте ги праските, секаде еднакво. Печете 30 минути, оставете да се излади, па од горе ставете разматена слатка павлака.

Послужете и уживајте во прекрасниот и вкусен колач!

Спонзорирано: