11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Кремасти тестенини од само три состојки!

За да добиете кремасто јадење со тестенини не ви треба сирење или некој друг млечен производ. Истиот ефект можете да го постигнете и со индиски ореви.

Состојки:

400 гр тестенини
400 мл доматен сос
200 гр индиски ореви
сол
бибер
100 мл вода
2-3 чешниња лук
Начин на подготовка:

Згответе ги тестенините.

Во блендер сомелете индиски ореви со вода, зачини и лук додека не добие глатка смеса.

Измешајте ги индиските ореви со тестенините и преку прелијте со доматен сос кој сами сте го зготвиле од сезонски плодови (можете да користите и готов сос).

Послужете топло со сезонска салата по желба.

Добар апетит!

Спонзорирано: