3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ формира меѓународно тело за поддршка на Мадуро на нови претседателски избори

Обединетите нации формираа меѓународна група со цел да ја помогнат кандидатурата на претседателот Николас Мадуро на нови претседателски избори.

„Групата ќе помага да се поврати довербата и да се создадат услови кои се потребни за кредибилен процес со кој граѓаните на Венецуела ќе решат за својата иднина преку нови избори, со гаранција за слободни и фер избори, кои ќе бидат под мониторинг на меѓународни независни надгледувачи“, вели шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Таа додава дека министрите за надворешни работи од ЕУ дискутирале во врска со новите санкции воведени против Венецуела.

Групата ќе ја сочинуваат земји членки на ЕУ, како Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Шведска, Холандија и Британија.

Другите членови од ова меѓународно тело ќе бидат Еквадор, Костарика, Уригвај и Боливија, пренесуваат претставници на ОН.

Групата ќе се распушти во рок од 90 дена доколку не постигне политички прогрес за датум за избори.

Се очекува министрите од земјите членки на Унијата да ја одржат својата прва средба во една од земјите од Латинска Америка наредната недела.

Спонзорирано: