8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

БРЗО И МНОГУ ВКУСНО: Пилешки гради во сос од кромид

Ова вкусно јадење можете да го послужите со варен компир…

Состојки:

2 парчиња пилешки гради
2 главици кромид
4 лажици доматен сок
сол
бибер
сув зачин
масло
магдонос
вода
Начин на подготовка:

Исечете ги пилешките гради на помали шницли. Посолете ги и побиберете ги по вкус. Накратко пропржете ги на масло околу 2-3 минути.

Извадете го месото, а во истото масло ставете сечкан кромид. Продинстајте и додајте готвен домат.

Ставете ги пилешките гради во сосот и динстајте. Додајте половина чаша вода ако сакате сосот да биде поредок.

Вкусот можете да го засилите со зачини – на пример магдонос или лук во прав.

Добар апетит!