4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Завршува успешната кариера на американецот кој ја поддржа слободата во Македонија: Бејли во март ќе ѝ стави печат на дипломатската кариера

Американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, попладнево на „Твитер“ објави порака во која ја информира јавноста дека по заминувањето од оваа функција на почетокот од март, ќе замине во пензија и ќе и стави крај на дипломатската кариера.

„Денеска пред персоналот од амбасадата на САД објавив дека го напуштам Скопје на почетокот од март, а потоа и ќе се пензионирам од работата во Стејт Департментот по 34 години. Ми беше голема чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден, во текот на изминатите четири години“, напиша Бејли на социјалната мрежа.

Во следниот објавен твит тој ги оценува американско-македонските односи како најсилни досега и додава дека тоа најдобро ќе го покаже зачленувањето на земјава во НАТО.

Бејли важи за личност која многу помогна во донесувањето на слободата во Македонија преку поддршката на слободумните сили кои се бореа за демократска и слободна држава која повеќе од 10 години беше во канџи на режимот на Груевски, период во кој се случи прислушкувањето, а се сееше страв и немир меѓу граѓаните,а беа замолчувани слободните медиуми.

На позицијата американски амбасадор во Македонија, Бејли би требало да го замени, Кејт Мери Бирнс.

Бирнс во моментот е заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Грција. Претходно, таа била заменик-шеф на мисијата и заменик-постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена, работела и во американската амбасада во Мадрид, а подоцна била и на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.