21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Прво пукал во друг ученик, а потоа во себе – Ексклузивни детали за тешкиот инцидент во училиште во Охрид

Околу 15,15 часот во Охрид во ЕМУЦ, пријавено е дека настанала физичка пресметка меѓу ученици, во која 18 годишно момче извадил пиштол (најверојатно гасен), испукал и повредил друг ученик (изгореница) во пределот на раката, дознава Centar.mk од свои извори.

Потоа 18 годишникот си пукал во пределот на главата. Истиот се здобил со повреди и е пренесен во МЦ Охрид, но не е во животна опасност дознава Centar.mk.

Ова се првични детали за инцидентот и неофицијални до кои дојде репортерот на Centar.mk од Охрид. Повеќе информации од МВР која само ни го потврди инцидентот се очекуваат наскоро.

Спонзорирано: