20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Грција следниве денови ќе го одобри приемот на Македонија во НАТО

Грчката влада соопшти дека во текот на следните денови ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО по што формално ќе ја извести нашата земја. Со тоа ќе стапи во сила промената на името во Република Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, ја опиша недамнешната ратификација на преспанскиот договор во грчкиот парламент како историски значајна истакнувајќи дека со договорот завршува 27-годишниот спор.

Според договорот, Македонија го менува името, а Грција ги отфрла своите забелешки на членството во НАТО.

Спонзорирано: