13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СУБВЕНЦИИБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Добра вест од власта: Од сега полесно до куќа и стан, државата ќе дели големи субвенции за граѓаните

Значително намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“, нови поволни модели и прецизирање на условите за добивање на субвенциониран станбен кредит, најави Министерството за финансии. Новите услови се содржани во Предлог-законот за субвенционирање на станбен кредит, кои се изготвени од МФ, а усвоени од Владата.

Денес министерот за финансии Драган Тевдовски пред Македонската банкарска асоцијација ги презентираше новините во законот.

„Најголема новина и поволност за граѓаните е значителното намалување на каматните стапки. Каматните стапки за првиот модел, во кој државата субвенционира дел од месечната рата, ги намалуваме од 3,95 на 2,9 отсто за првите 3 години. За четвртата и петтата година каматите ги намалуваме од 4,44 проценти на 3,9 отсто. Ова се во моментот најниски каматни стапки за станбен кредит на пазарот. Намалувањето на каматните стапки значи сериозна заштеда за граѓаните. На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека се намалува и каматната стапка за моделот „Учество“. Имено наместо досегашната стапка од 4,5 проценти + 6-месечен Еурибор, со измените каматата ќе биде 4 отсто + 6-месечен Еурибор. Инаку оваа камата важи за цело времетраење на исплата на кредитот.
Се предлагаат и нови модели на субвенционирање кои ќе обезбедат подобри услови, особено за младите.

Со моделот „Купи стан за млади“, рече Тевдовски, ќе се субвенционираат 70 проценти месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или ќе 70 проценти од учеството. Со ова ќе се обезбедат за повисоки субвенции за околу 2.500 евра во однос на порано.

„Одиме и чекор понатаму за поддршка на граѓаните кои планираат да формираат или да го зголемат семејството. Едногодишна субвенција на месечната рата (главнина и камата) во висина од 30 проценти за секое родено или посвоено дете за корисниците на кредитите кои ќе го зголемат семејството во рок од 10 години од добивање на кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“, рече Тевдовски.

Министерот посочи дека со измените на законот се прецизираат и условите во проектот, со цел истиот да го искористат оние кои навистина имаат потреба од него. Се воведува ограничување на големината на становите и куќите за да се избегне финансирање на луксуз. Наместо максимум „приходите по основ на плата“, се воведува „максимум по основ на вкупни приходи“. Се уредуваат и случаите кога корисниците поседуваат друг недвижен имот или имаат наследство или дар на делови од станбена единици. Сите овие промени, вели Тевдовски, се во насока подобро да се таргетираат оние на кои навистина им е потребна помош.

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски ги поздрави измените и подобрувањето на условите во проектот. Тој ги повика банките кои не се вклучени во проектот, бидејќи на тој начин ќе се обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Спонзорирано: