5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл“ ја призна грешката, можно е прислушување преку „ајфон“

„Епл“ ја призна грешката во својот софтвер „Фејс тајм“ поради кој е овозможено краткотројно прислушување на корисниците, дури и ако не одговорат на упатениот повик, јавува Би-би-си.

Компанијата соопшти дека измислила програма што ќе ја исправи грешката и ажурирањето ќе биде овозможено следната недела. Додека не се ажурира „Фејс тајм“, оневозможена е можноста за групни повици преку оваа платформа.

Грешката во внатрешноста на софтверот се појавува кога двајца корисници користат „Фејс тајм“, а имаат верзија 12.1 или понова. Истовремено, се појавува кај корисниците на компјутерите „Мас“ доколку ги повикаат од уред од „Ајфон“.

Софтверот за време на групен разговор го активира микрофонот, дури и ако повикот не е прифатен. Можноста за прислушување завршува кога повикот автоматски се прекинува по одреден број обиди за воспоставување на повикот.

Спонзорирано: