Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Сите очи вперени во владејачката СДСМ: Ќе има ли предвремени избори?

Предвремени парламентарни избори најмногу им одговараат на СДСМ, пред се поради тоа што не само што би добиле уште еден четиригодишен мандат, туку и најверојатно би освоиле и 61 пратеник, со што многу похрабро би можеле да ги носат законските решенија и реформи ветени во програмата За Живот, кои минатите години беа кочени од страна на опозицијата, но и други фактори во државава.

Сепак во владејачката СДСМ се’ уште се размислува дали да се оди на избори или не. Не толку се размислува за Парламентарни избори пред се поради тоа што, во најдобар случај ќе се изгубат најмалку 70 дена низ овој процес, што може, но и не мора да значи евентуално успорување на реформските процеси кои допрва треба да ги донесат своите плодови.

Од друга страна пак доста е од кочничарење од страна на опозицијата, која прави се’ за да се спречат реформските активности.

Нормализирање на изборниот процес

Според аналитичарите, Македонија треба да го нормализира изборниот процес за парламентарни избори, а т.н. Пржинска влада да стане минато, бидејќи претходниот режим и сегашната власт немаат допирна точка во своето функционирање.

Претходниот режим кој замина, покрај тоа што беше обвинет за скандалот со следење на комуникациите на десетици илјади граѓани, осомничен за сериозен грабеж на државата, ги оспоруваше и ги кочеше процесите кон ЕУ и НАТО, неправедно апсеше недолжни граѓани, монтираше случаи, преку своите медиумски мегафони газеше по лични судбини, удираше по новинари и тогашни опозиционери, а новата власт го прави токму спротивното и ја враќа државата на колосек.

Македонија, полека, но сигурно станува нормална држава, колку и да не му се допаѓа тоа некому велат аналитичарите.

СДСМ три пати ќе мери, еднаш ќе сечи – Разумна одлука деновиве

Сега сите очи се вперени во владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, кој деновиве треба да одлучи дали ќе се искористи моментумот на Претседателски избори и ќе се оди паралално на парламентарни избори.

Засега никој не може точно да процени што ќе се случува, иако парламентарни избори во моментов најмногу и’ одговараат на СДСМ, а најмалку на Христијан Мицкоски, затоа што според познавачите, евентуален катастрофален пораз ќе значи крај и за неговите надежи да ја врати ВМРО ДПМНЕ на власт.

ВМРО ДПМНЕ поднесе предлог за распуштање на парламентот
Инаку ВМРО ДПМНЕ денеска поднесе барање до Парламентот истиот да се распушти, а премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, на што СДСМ одговори дека ВМРО ДПМНЕ всушност денеска поднела барање за распуштање на својата пратеничка група, а оставка да си спреми Христијан Мицкоски.