23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Денеска претежно сончево, а од понеделник нови врнежи

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот од земјава, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Наутро ќе има услови за појава на магла. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -1, а максималната од 1 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температура ќе биде во интервал од -6 до 2 степени.

Во следните денови ни претстои облачно време со услови за магла по котлините. Во понеделник ќе се зголеми облачноста, а до крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег. Се очекува најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни на истокот и југоистокот од земјава.

Спонзорирано: