11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Со 90 работници се расчистува снегот во сите скопски општини

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, со 90 работници на терен и целата расположлива механизација, денеска продолжува да го расчистува снегот и мразот во сите скопски општини.

Комплетно е расчистен и прооден реонот околу Државната и Градската болница, Владата и Собранието на РМ, а стандардно се расчистуваат сите булевари и поголеми улици, плоштадот и улицата Македонија, Старата чаршија, плоштадот Филип Втори, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите.

Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден, со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Спонзорирано: