14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Лавров се ракуваше со микрофон

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на изјавата за медиумите по состанокот со министерот за надворешни работи на Алжир, Абделкадер Месаел, се ракуваше со микрофон.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, снимател од една телевизија се обидел да го приближи својот микрофон до Лавров со цел да ја сними нивната изјава. На видеото што го објавија медиумите се гледа како микрофонот се приближува до Лавров, а во тој момент рускиот министер, обидувајќи се да избегне непријатна ситуација, едноставно се ракуваше со микрофонот.

Целата ситуација предизвика смеа во салата каде што се одржуваше средбата меѓу шефовите на дипломати на Русија и Алжир.

Спонзорирано: