14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД почнаа да ги враќаат мигрантите во Мексико

САД денеска во Мексико ќе ја вратат првата група мигранти кои бараат азил во САД, а нелегално ја поминале границата со Мексико.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, на 20 декември соопшти дека ќе ги враќа мигрантите кои не се од Мексико, а кои илегално ќе ја поминат јужната граница. Како што соопштија од администрацијата на Трамп, мигрантите ќе треба во Мексико да чекаат сè додека се разгледува нивното барање за азил.

Портпаролот на мексиканскиот претседател не соопшти од каде потекнуваат мигрантите кои треба да бидат испратени во Мексико, но целта на оваа политика е да можат да се справат со зголемениот број мигранти кои доаѓаат од Централна Америка и кои бараат азил во САД за да избегаат од сиромаштијата во своите земји.

Двете земји досега имаа два состаноци на кои се разгледуваа планови како да се справат со ситуацијата и враќањето на мигрантите.

Засега сè уште не е јасно како Мексико планира да смести илјадници мигранти, кои би можеле да останат во земјата неколку месеци или години сè додека нивните барања за азил не бидат разгледани од страна на американските власти. Досега повеќе од 800 000 случаи сè уште го чекаат своето решение.

Спонзорирано: