19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТИЗБОР

Нови протести во Атина во пресрет на гласањето во парламентот

Во пресрет на денешното гласање во грчкиот парламент за ратификување на договорот од Преспа, пред парламентот почнаа подготовки за нови протести, објави грчки „Катимерини“.

Гласањето е закажано во 14 часот и 30 минути по локално време, но како што пренесува „Катимерини“, можно е да има и одлагање на терминот за подоцна во текот на денот.

Демонстрантите најавија дека денешните нови протести ќе почнат во 12 часот, а главниот собир за оние кои сакаат да присуствуваат ќе биде на плоштадот Синтагма.

Протести во Атина имаше и доцна синоќа. Грчката полиција користеше солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот. Демонстрантите, пак, кон полицијата фрлале камења, факели и молотови коктели.

Спонзорирано: