Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
MeteoCentar Македонија

Измрзнати возачи со часови чекаат да се деблокира Плетвар: Снегот вечерва направи големи проблеми

Силните врнежи од снег вечерва направија доста проблеми на повеќе патни правци низ Македонија, а особено ситуацијата е драматична на Плетвар, каде возачите чекаат и повеќе од 4 часа да се деблокира патниот правец.

Според информациите на АМСМ, Патниот правец Росоман – Прилеп е во прекин поради извртено возило, неофицијално се дознава дека се работи за камион на Македонија пат.

Околу 17 часот и 30 минути репортерите на Centar.mk известија за отежнат сообраќај и на патниот правец Ресен – Битола на превојот Ѓавато каде имаше интензивни врнежи од снег. Се јавува за излизгани камиони и отежнато движење на патнички возила.

Инаку на Патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е пуштен за сообраќај, по една коловозна лента само за автомобили.

 

Повеќе за времето:
Обилни снежни врнежи натрупаа снег низ цела Македонија, а од утре се најавува уште повеќе

 

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп, преку планинскиот премин
Барбарос.
На патниот правец Крива Паланка – Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила.
Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин
Ѓавато.
Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.
Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.
Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 15:30 часот на патот Македонски Брод – Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.
Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир е укината забраната за движење на тешки моторни возила.