13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Жолтите елеци“ одат на избори за ЕП

Француското антивладино движење „жолти елеци“ најави дека ќе предложи свој кандидат на претстојните избори за Европскиот парламент.

„Граѓанското движење покажа потреба да го трансформира својот гнев во политички проект способен да пружи одговори на францускиот народ кој го поддржа“, се наведува во соопштението што го пренесе „Ројтерс“.

Како што пренесуваат француските медиуми, ова движење, кое досега немаше раководна структура, би можело да освои 13 отсто од гласовите на изборите за ЕП во мај, покажала анкетата што ја изработила фирмата „Елаб“ за BFM TV и би била на третото место, веднаш зад партијата „Република во движење“ на претседателот Емануел Макрон и екстремно десниот Национален собир, некогашниот Национален фронт.

Италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, вчера го повика францускиот народ да не гласа за партијата на Макрон на претстојните избори во мај.

Односите меѓу Италија и Франција, кои генерално се блиски соработници, се влошија откако во Италија минатата година беше формирана коалициска влада од крајно десничарската партија Лига и движењето „Пет ѕвезди“

Спонзорирано: