10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снегот прави проблеми во Србија: Се преврте полн автобус, патиштата завеани – доаѓа и кон Македонија

Снегот кој паѓа во Србија направи хаос, а се заканува дека ќе има снежна покривка од 40 сантиметри.

Утрово поради снегот кој вее се превртел автобус, кој пренесувал работници, а засега не им е позната состојбата.

Гранки паѓале и врз автомобили и ги оштетиле.

Снегот го кочи и соообраќајот, на улиците има колони возила.

Инаку, и во Македонија се најавува снег, како и дожд. Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Спонзорирано: