12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

ИСПОВЕД НА МАРИЈА: Пребарував во торбата на маж ми и најдов нешто што ми го уништи животот

Љубовта и љубомората многу често одат рака под рака. И жените се склони да ги шпионираат своите сакани, како би дознале дали ги изневеруваат. Но, тоа може скапо да ги чини.

Ова е исповедта на Марија:

„Се омажив многу млада и бев заљубена до уши, ништо освен него не ми беше важно. Тој беше доста повозрасен од мене, цели 12 години. Неговата работа наложуваше постојани патувања, а кога го родив нашето дете, го гледав со паузи дури и од месец дена. Никогаш не ми паѓаше на ум да го шпионирам и да испитувам дали ме изневерува. Едноставно бев таква. Сакав и живеев, и тоа ми беше доволно.

Сепак, времето минуваше брзо, а тој беше сè повеќе и сè почесто отсутен од домот. А и многу понервозен. Синот го гледаше ’на поминување’, како да е туѓо дете.

Како што тој стануваше сè понепријатен, така и јас станував сè понервозна. Во една прилика одлучив да проверам што има во неговата торба, што буквално секогаш и секаде ја носи со себе.

Покрај купот од облека, напипав нешто мало и тврдo, под една од преградите. Во излив на љубомора, земав нож и ја исеков ткаенината. Најдов USB стик. А кога го ставив стикот на компјутер, малку фалеше за да се срушам. Беше преполн со фотографии од малолетни девојчиња во еротски пози, додека ќелави и одвратни мажи изведуваа секакви перверзии над нив.

Кога се врати дома, му кажав дека сакам развод. Тој се обиде да се оправда, кажувајќи дека му служат само за самозадоволување. А повторно, како едвај да дочека да слушне дека е крај.

Сега живеам сама, и кога ќе го погледнам нашиот син – едноставно сум преплашена. Единствено само неговата насмевка ми дава надеж дека со него сепак сè ќе биде во ред.“

Спонзорирано: