19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Укинати интервентните мерките против загадувањето во Струмица

Престануваат да важат интервентните препораки и мерки што беа активирани при надминувањето на прагот на алармирање во Струмица, соопшти владината прес-служба.

„Ве информираме дека согласно со податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица“, се вели во соопштението на Владата.

Со тоа, како што се додава, редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и придружниот оперативен план за имплементација продолжуваат да се имплементираат согласно со Планот за чист воздух на Владата на РМ.

Спонзорирано: