5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Карпош презентира еколошки план за следните шест години

Локалниот еколошки акционен план, ЛЕАП-2 за Општина Карпош за наредните шест години, денеска беше презентиран и усвоен од Локалниот комитет за изработка на овој план. Тој ќе се најде на усвојување на наредната седница на Советот на Општината.

На презентацијата присуствуваше и градоначалникот Стефан Богоев, кој во оваа пригода истакна дека заштитата на животната средина, чистиот воздух, екологијата, не се тема што е актуелна само во зимскиот период, кога воздухот е најзагаден, туку е тема број еден во сите општини и градови во Република Македонија.

Ова, рече Богоев, беше клучна тема и во политичката битка на последните локални избори, а ние како општина цврсто опстојуваме на заложбите за создавање еколошка општина и високи стандарди во спас и зголемување на зеленилото.

„ЛЕАП всушност е скенер на состојбите до каде сме на овој план, но и патоказ што треба да презмеме и што ќе преземеме во наредните години на планот на екологијата. Тоа би знаело добрите практики кои сега ги спроведуваме да ги задржиме и да ги имплементираме натаму, но и да воведуваме нови“, рече Богоев.

Градоначалникот ги наброја неколкуте круцијални потези кои ги направила локалната власт во изминатата година и неколку месеци, а тоа се т.н. „зелена офанзива“ зголемување на меѓублоковското зеленило со над 300 нови садници, воведувањето субвенции за велосипеди, нов сквер во Тафталиџе и Нерези, како и ново работно време за хигиеничарите за викендите, кога и најмногу се собира смет.

Богоев го најави новиот парк што ќе се гради наспроти Карпош 4, за чии зелени содржини најави дека ќе бидат консултирани и експерти од Шумарски факултет. За зачувување на зеленилото во Карпош, како што рече, ќе бидат ангажирани дополнителни двајца комунални инспектори со поголеми овластувања.

Инаку, според Богоев, во креирањето на ЛЕАП- 2 учествуваа и граѓански здруженија, „О2 иницијатива“ и НВО-секторот со конструктивни предлози.

Спонзорирано: