5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган во посета на Москва

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска ќе ја одржи првата тет-а-тет средба со неговиот руски колега, Владимир Путин. Средбата ќе се одржи во Москва, а како што пишува „Дојче веле“ таа следува по најавеното повлекување на американските сили од Сирија. Русија и Турција сега работат на нова стратегија и тоа ќе биде една од најважните теми на нивните разговори.

Откако американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе ги повлече своите војници од Сирија, „Дојче веле“ пишува дека сега сите страни вклучени во овој конфликт мора да ја променат својата тактика на терен.

Денеска во Москва, според најавите, ќе се зборува токму за три теми поврзани со Сирија, односно за формирање на безбедносни зони во северниот дел на Сирија, источно од Еуфрат, можни операции на турската војска во Манбиџ и растечкото влијание на исламистите блиски до Ал Каеда во Идлиб.

Спонзорирано: