3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во близина на американскиот конзулат во Женева, нема повредени

Портпаролот на женевската полиција, Силвен Гијо-Жентиј, потврди дека во близина на зградата на конзулатот на САД во овој швајцарски град, денеска одекнала експлозија и додаде дека инцидентот настанал поради електрични инсталации и течност за ладење.

Гијо-Жентиј посочил дека експлозијата се случила во подземната градска инфраструктура, без да открие други детали, нагласувајќи дека никој не бил повреден.

Американската амбасада во Швајцарија претходно издаде безбедносно предупредување по извештаите за експлозија во близина на американскиот конзулат во Женева.

„Се појавија извештаи за експлозија во областа околу конзуларната агенција. Избегнувајте ја оваа област и барајте засолниште во близина. Постапувајте по советите на безбедносниот персонал“, се вели во пораката од американската амбасада во Берн.

Спонзорирано: