10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Доналд Трамп номиниран за „Златна малинка“

Неуспешниот мафијашки филм на Џон Траволта „Готи” и претседателот Доналд Трамп (72) се номинирани за „Златна малинка“, награда што се доделува за најлошите филмски остварувања во 2018 година која организаторите ја прогласија за година на катастрофи, на екранот и надвор од него.

Последниот во низата филмови за Шерлок Холмс „Холмс и Вотсон” доби шест номинации, меѓу кои за најлош актер Вил Ферел и Џон Си Рајли, кои „ги упропастија двата најомилени лика на светската книжевност”. „Златна малинка“ е создадена во 1980 година, како спротивност на Оскарите и номинациите се објавуваат еден ден пред Оскарите.

Трамп е номиниран за најлош актер за камео улогите во два документарци минатата година, Death of a Nation во режија на Динеш Д’Соуза, и „Фаренхајт 9/11“ на Мајкл Мур.

Трамп веќе има „Златна малинка“ од 1989 година за глумење на самиот себе во филмот Ghosts Can’t Do It’ s Bo Dereк. Неговата сопруга Меланија (48) и блиската соработничка Келијан Конвеј се номинирани за споредни актерки за архивски снимки во „Фаренхајт 9/11″.

„Готи”, филм за починатиот њујоршки мафијашки кум Џон Готи, целосно пропадна во киноблагајните и е номиниран за најлош филм, сценарио и за најлоша актерска двојка Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон.

Победниците, ако се појават на доделувањето ден пред Оскарите, добиваат статуетка во облик на малинка со големина на топче за голф, испрскана со златен спреј. Наградата чини пет долари.

Спонзорирано: