4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вработен во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството злоупотребил податоци од платежна картичка на граѓанин

СВР Битола поднесе кривична пријава против 35-годишниот Г.М. од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, како што посочија од полицијата, бил вработен како помлад соработник во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во периодот додека тој работел во агенцијата, како што посочија од МВР, тој злоупотребил податоци од платежна картичка на граѓанин.