21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото бегство, рече шефицата на оваа институција, Вилма Рускоска, пред новинарите.

Сослушани биле само неговите телохранители. „Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци”, изјави обвинителката Русковска.

Обвинителката најави дека и во текот на неделата ќе бидат сослушани нови сведоци, а за детали кои може да се соопштат, од Обвинителството ќе ја информираат јавноста. Надлежните служби во Република Албанија ги прибрале доказите што ги бараше македонското обвинителство.

Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија. Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

(Makfax)

Спонзорирано: