9.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога Груевски бил снимен, продавниците веќе биле затворени, а трговскиот центар бил празен, но очигледно е дека тој бил на шопинг со оглед на тоа што со себе носи хартиена кеса.

Читателот кој го испратил видеото до порталот „444.hu“ искоментирал дека Груевски смирено се движел низ трговскиот центар, а во негова близина не биле забележани обезбедувачите.

Претходно, Груевски беше фотографиран во познат унгарски ресторан, каде беше во друштво со три лица, од кои, едното е вработено во Царинската управа, а беа објавени и фотографии и како тој вади пари од банкомат во Будимпшета.

Груевски избега од Македонија во Унгарија на 9 ноември минатата година, а потоа доби азил во Унгарија. Експремиерот е осуден на двегодишна казна затвор за случајот „Тенк“.

Граѓаните во Македонија втор месец не знаат како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лани изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат. Истото го повтори и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Обвинителката Вилма Рускоска во интервју рече дека од досегашниот тек на предистрагата има ненамерни пропусти на институциите за бегството на експремиерот.

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото бегство, рече шефицата на оваа институција, Вилма Рускоска, пред новинарите. Сослушани биле само неговите телохранители. „Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци”, изјави обвинителката Русковска.

(Makfax)

Спонзорирано: