10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклонот доаѓа во Македонија: Носи студ, снег и дождови – детална прогноза за следните денови и најново метео предупредување

Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови од утре и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 23.01.2019
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Променливо облачно со повремен дожд, а на планините со снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 24.01.2019
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските места и од снег на планините.

Прогноза за 25.01.2019
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 1°C до 7°C
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските места и од снег на повисоките места и на планините.

Спонзорирано: