8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Неда Арнериќ доживеа семејна трагедија

Една од најпознатите актерки на поранешната држава, Неда Арнериќ (65), во најтесниот круг на пријатели се довери дека нејзиниот сопруг, д-р Милорад Мештеровиќ, во средината на декември ја загуби својата битка со долга и сериозна болест.

Тие се сакаа 35 години, а легендарната актерка често истакнуваше дека почитуваниот лекар е нејзината најголема љубов.

Мештеровиќ во медицинската кариера стекнал репутација во целиот свет поради што беше претседател на Светската асоцијација на специјалисти во максилофацијална хирургија.

Љубовната приказна на Неда и Милорад е достојна за филмско сценарио, па легендарната филмска ѕвезда во интервјуата со задоволство се сеќаваше на нивната прва средба.

„Тоа беше 5 септември 1981 година. Мојот сопруг дојде да ја види претставата ‘Мушичка’ во театарот ‘Двориште’. По претставата отидовме на вечера, по вечерата се зближивме и почнавме да живееме заедно по неколку дена. Имав среќа. Пред тоа се обидов сè, бидејќи не треба да се врзуваме со некои луѓе што ги познаваме од училиште. Имам многу пријателки кои се омажија за своите момчиња од училиште и сè што имаа во животот е тој еден човек“, се сеќаваше Арнерќк.

Таа често се шегуваше дека не се сеќава на денот на нивната венчавка бидејќи со својот сопруг наместо годишнината го прославувале денот кога се запознале.

„Тој ми е сè , син, брат, сопруг, татко, љубовник и пријател. Многу сум среќна што сме заедно. Имаше разни чуда, не бевме светци, но ние сме најдобри пријатели“, искрено рече актерката која во својата кариера сними повеќе од стотина филмови.

На нејзиниот талент и изглед се воодушевуваше целата поранешна држава, ама Арнериќ, како што изјави, дури со сопругот Милорад ја пронајде вистинската љубов.

Спонзорирано: