10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди продолжување на заштитата за илегалните мигранти доведени во САД како деца, во обид да ја прекине 29-дневната делумна блокада на владата, откако демократските лидери веќе рекоа дека го одбиваат неговиот план.

Трамп остана на своето барање – 5,7 милијарди долари за оваа година за финансирање на изградбата на ѕидот на американско-мексиканската граница, да биде дел од законот за да се деблокира владата, на што демократите во Конгресот се противат.

Американскиот претседател се надева дека неговата понуда за нова заштита за некои илегални мигранти би можела да стави крај на пат позицијата со Конгресот.

Во говорот од Белата куќа, Трамп понуди да пружи потпора на законот за заштита на младите илегални мигранти од програмата DACA, за да и тие имаат привремен заштитен статус.

„Тука сум денеска за да ја прекинам пат позицијата и да му пружам на Конгресот начин како да го прекине затворањето на владата и ја реши кризата долж јужната граница“ порача Трамп.

Кусо пред неговиот говор, претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси преку соопштение рекла дека понудата е неприфатлива, додека демократот Дик Дурбин пред неколку дена во Сенатот рекол дека нема да поддржи таква иницијатива.

Спонзорирано: