5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од 23,5 милиони денари, или приближно 400 илјади евра, без камати и судски трошоци, дознава „Макфакс“.

Сумата со нив е речиси двојно повисока. Информацијата ја потврдија од Министерството за правда. Според нашите информации за неисплатени додатоци на плата, тужеле обвинители од Скопје, Велес, Гостивар и од други градови.

Јавните обвинители и судиите од 2015 година треба да добиваат повисоки плати за прекувремена работа и за работа на празници од 35 до 50 отсто.

Министерката за правда, Рената Дескоска, за „Макфакс“ изјави дека тужбите се почнати пред нејзиното стапување на функција и дека за ова прашање разговарала со државниот јавен обвинител и со министерот за финансии.

„Запозната сум веднаш штом стапив на функцијата. Разговарав со државниот обвинител и со министерот за финансии за изнаоѓање средства за решавање на проблемот вон судска постапка. Во делот на предвидени средства и начин на располагање, укажуваме дека јавното обвинителство има посебен буџет со кој самостојно располага“, вели Дескоска за „Макфакс“.

Од Министерството за правда тврдат дека делумно се обезбедени средства во буџетот за таквата намена, но од таа ставка треба да им се исплатат и надоместоци на јавнообвинителските службеници и другите обврски кон физичките и правните лица и други акти на Јавното обвинителство.

Судскиот буџетски совет донесе одлука за ретроактивна исплата на додатоците за плата за месеците септември и октомври 2018 година за судиите и членовите на Судскиот совет. Здружението на судии ги охрабри судиите да ја тужат државата за несиплатените додатоци до 35% за изминатите години.

(Makfax)

Спонзорирано: