4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За нов референдум за брегзит би била потребна година

За организирање нов референдум за членство на Велика Британија во Европската Унија би била потребна една година, според насоките што им беа претставени вчера на пратениците, напиша на Твитер новинар на британски „Телеграф“.

Претходно, портпаролката на британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека документот им бил претставен на пратениците со цел наоѓање излез од ќор-сокакот кога станува збор за брегзитот.

„За да се информираат во насока на разговорите, во краткиот документ изнесени беа факти за бројот на месеци кои би биле потребни само за подготовка. Нашиот став, секако, е дека втор референдум нема да има“, рече портпаролката на Меј.