23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најголемата тајна на КГБ: Научете и вие да одите како Путин (видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин и Димитриј Медведев секојдневно се под лупа на повеќето светски медиуми. Нивните изјави, посети на странски земји, реакции на најразлични настани во светот, аналитичарите редовно ги проучуваат.

Така во британските медиуми осамна текст во кој се анализира и начинот на одење на двајцата лидери.

Медиумите пишуваат дека специфичното одење Путин го научил за време на кариерата во КГБ.

Станува збор за тоа да при одење Путин секогаш ја држи десната рака покрај телото. При движење, десната рака минимално се придвижува и речиси секогаш е покрај телото.

Секако, постои и јасна причина за таквиот начин на одење. Се работи за тоа да десната рака не се движи многу за во секој момент да може да посегне по оружје.

Спонзорирано: