14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Француската војска ќе остане во Сирија без оглед на САД

Францускиот претседател, Емануел Макрон, порача дека Франција ќе остане воено ангажирана во Сирија, без оглед на намерата на САД да ги повлече своите трупи од земјата.

Во новогодишно обраќање пред вооружените сили на југот во Франција, Макрон изјави дека одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, не смее да ги одврати француските сили од патот кон искоренување на Исламска држава.

„Каква било одлука за повлекување би била погрешна“, истакна Макрон.

Франција е ангажирана во Сирија од 2015 година.

Спонзорирано: