3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа изведени материјалните докази, меѓу кои и два разговора, од кои едниот е јавно објавен. Во разговорот од 13 октомври 2013 година, во 22.02 часот разговараат ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и бизнисменот Орце Камчев.

Орце Камчев: Шефе.

Миле Јанакиески: А.

Орце Камчев: Извини сеа, шо стана со… нешто збореме со Дејан со дупоиве горе шо ги обори Центар?

Јанакиески: Ништо, ги обори Центар , ама не ги објавивме во „Службен весник“. Шехтански му укажа да му достават во рок од три дена. Утре истекнува рокот.

Орце Камчев: Аха.

Миле Јанакиески: И че му даде налог да ги објави. Ако не ги објави, тогаш ги поништува. Ако ги објави пак, че ги поништат на Уставен.

Орце Камчев: Аха. Ама ќе оди на Уставен, така?

Миле Јанакиески: Да, мора на Уставен. Или едното или другото сценарио“.

На денешното рочиште адвокатите на обвинетите се обидуваа со низа приговори да го одложат изведувањето на дел од доказите. Судијата Душан Јосифов не им го прифати барањето.

Следното рочиште за предметот е закажано за 6 февруари. Тоа е првиот предмет на СЈО за кој беше поднесено обвинение на 16 декември 2016 година, но предметот сѐ уште е во фаза на доказна постапка. Во предметот, покрај Миле Јанакиески, обвинети се и бегалецот Никола Груевски, пратеничката Даниела Рангелова и посетителот на Груевски во Будимпешта, Александар Трајковски.

СЈО ги обвини дека во 2013 година предизвикале насилство во Општина Центар на седницата кога се донесуваа детаљните урбанистички планови за Малиот ринг, со оправдување дека на седницата се расправа за стопирање на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на градот.