4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Двегодишно момче во Шпанија веќе шести ден во дупка длабока 100 метри

На местото на несреќата се собраа многу луѓе, кои им даваат поддршка на родителите на малиот Џулен, а спасувачите работат и дење и ноќе.

Со оглед на фактот дека момчето падна во дупката пред шест дена, на 13 јануари, прашање е дали сè уште е живо, но родителите и спасувачите не губат надеж.

Таткото, Хозе Росело, рече дека нему и на сопругата им се скршени срцата поради долгото чекање.

„Се чувствувам како спасувањето да трае неколку месеци. Ние нема да се откажеме. Ние веруваме дека ангелот ќе ни помогне и дека ќе го најдеме жив нашиот син“, им рече Росело на новинарите.

Владиниот претставник Марија Гамез рече дека спасувачите ја споредиле ДНК од влакното на косата на Џулен, кое го најдоа во дупката со ДНК од шишето од кое пиел, што им е потврда на спасувачите дека момчето е на дното на бунарот.

Но, детето се наоѓа премногу длабоко за машините и опремата на спасителите, а поради стврднатата почва и камењата што паднале кога момчето пропаднало во дупката, работниците не може да видат повеќе од 70 метри длабочина.

На таа длабочина забележале една мала кеса лижавчиња.

Спасувачите почнаа да копаат два тунела во четвртокот, еден паралелно со дупката и другиот вертикален. Тие очекуваат да имаат пристап до најдлабокиот дел од дупката во рок од 24 до 48 часа.

Родителите неодамна доживеаја уште една страшна трагедија – пред две години нивниот втор син, тригодишниот Оливер, почина од проблеми со срцето.