13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Германија обид за шверц на питон во авион, патникот ја ставил змијата во панталоните

Полицијата на аеродромот „Шоенфелд“ во Берлин била изненадена кога во панталоните на еден од патниците што се подготвувал да влезе во авион, пронашла натрапник кој сакал да го прошверцува со себе во леталото, пишува германски „Шпигел“.

Неделникот појаснува дека вработените во службата за безбедност при рутинска контрола кај 43-годишен патник, поточно во неговите панталони, откриле змија долга 40 сантиметри, која сакал да ја шверцува во Израел, но за неа немал потребени документи.

Подоцна се утврдило дека станува збор за питон, кој патникот сакал да го пренесе скриен во панталоните поради што ја изолирал змијата во платнена торба.

„Шпигел“ пишува дека најнеобичното откритие на германската царина и полиција во 2018 година било откриено од вработените во службата за безбедност за време на божикните празници.

Питонот бил одземен од патникот и испратен во херпетолошки азил во Бранденбург. Поради ваквиот нелегален обид за шверц, патникот бил принуден да плати и глоба.

Спонзорирано: