11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во 2018 година рекорден број туристи во Шпанија – речиси 83 милиони

Бројот на странски посетители во Шпанија скрши уште еден рекорд во 2018 година, шести пат по ред, рече денеска министерот за индустрија, Рејес Марото.

Прелиминарните официјални податоци покажуваат дека бројот на посетители во Шпанија се зголемил 0,9 проценти во 2018 година во споредба со претходната година, односно земјата ја посетиле 82,6 милиона туристи, објави агенцијата „Ројтерс“.

Шпанија е втора најпосетена земја во светот по Франција, а туризмот е клучен сектор за домашната економија придонесувајќи со речиси 12 отсто од домашниот бруто-производ.

Спонзорирано: