11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од антизападниот Христијан Мицкоски, продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори. Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, позната по 11-годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата. Шефот на Мицкоски од Будимпешта сè уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните. Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да ги блокираат напредокот и градењето еднакво општество на еднакви граѓани. Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите, мора да бидат почитувани од секого“, се вели во реакцијата на СДСМ. Законот за употреба на јазиците, додаваат од партијата, е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од антизападниот Христијан Мицкоски, продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, позната по 11-годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.

Шефот на Мицкоски од Будимпешта сè уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.

Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да ги блокираат напредокот и градењето еднакво општество на еднакви граѓани.

Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите, мора да бидат почитувани од секого“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Законот за употреба на јазиците, додаваат од партијата, е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.

Спонзорирано: