3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митревски: Очекуваме антикорупциска комисија да се формира до изборите

Ќе ги искористиме сите можности до изборите да се формира антикорупциска комисија, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Тој рече дека очекува денеска да се усвои потребата од носење на законот за спречување корупција и судир на интереси и што побргу да се донесе. Додаде дека предлогот е усогласен со препораките на Венециската комисија, но не сакаше да каже зошто не се почитува препораката за намалување на бројот на членови бидејќи, според Митревски, поважно било да има комисија која суштински ќе се справува со корупцијата, а не колку членови ќе има.

Митревски побара ВМРО-ДПМНЕ да престане со блокадите и да даде поддршка за законот кој сега е доставен од Владата со ЕУ-знаме.
(Makfax)

Спонзорирано: