16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск советува Велика Британија да остане во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна дека Велика Британија треба да остане во Европската Унија, откако британскиот Парламент го отфрли договорот за брегзит на премиерката Тереза Меј.

„Ако е можен договорот и никој не сака разврска без договор, тогаш кој би имал храброст да каже кое е единственото позитивно решение?“, напиша Туск на „Твитер“.

Британската премиерка синоќа доживеа голем пораз кога пратениците гласаа против нејзиниот план за брегзит. За денеска се очекува пратениците да гласаат за недоверба на Владата.

Спонзорирано: