17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски потврди дека нема програма, се плаши од изборен пораз

Во уште едно слабо, веќе видено издание Мицкоски не кажа ништо ново, ништо значајно или во интерес на граѓаните. Но затоа, портпаролот на Бачев потврди неколку факти, порача СДСМ.

„Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од изборен пораз на претседателките избори, односно од пораз на какви било избори.

Соочен со сопствениот неуспех да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ и фактот што нема поддршка кај граѓаните, Мицкоски бара алиби за изборниот пораз со измислување непостоечки теми и нелогични условувања.

Антизападниот Мицкоски потврди дека ги дели истите вредности со Јанко Бачев. Како и Бачев и Мицкоски ги дели граѓаните, сее омраза. Исто како Бачев, и Мицкоски се противи на концептот едно општество за сите, концепт кој граѓаните силно го поддржаа. Исто како и Бачев, и Мицкоски е против европските вредности, против НАТО и ЕУ.

Со најавите дека допрва ќе правеле партиска програма, антинародниот Мицкоски призна дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ немаат програма, немаат идеја ниту план што би донеле нешто добро за граѓаните и државата.

Заклучокот е едноставен.

Антизападното ВМРО-ДПМНЕ и претседателски кандидат на Груевски и Мицкоски ќе се соочат со убедлив пораз на следните претседателски избори.

ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее исто толку убедлив пораз на следните парламентарни избори кога и да се одржат.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поразат и црнилата на антизападниот Мицкоски и нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски.

Македонија тргна напред и враќање назад нема. Граѓаните одбраа напредок и иднина во ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: