5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мас за брегзит: Помина времето за игри

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас изјави дека не останало многу време за да се најде решение за напуштањето на ЕУ од страна на Британија, и додаде дека времето за игри поминало.

Мас за германските медиуми, откако британските пратеници синоќа го отфрлија договорот на британската премиерка Тереза ​​Меј со Европската унија за брегзит, изјави дека се потребни нови преговори меѓу Велика Британија и ЕУ.

Тој додаде дека се потребни преговори и за одредбата која вклучува отворени граници меѓу Северна Ирска и Република Ирска, пренесува „Ројтерс“.

За можното одложување на датумот на излегување на Британија од ЕУ, Мас изјави дека Унијата тоа прашање ќе го разгледа конструктивно, доколку биде побарано.

Откако вчера британскиот парламент го отфрли договорот на Меј за брегзит, за денеска е закажана нова седница на која на дневен ред е гласање недоверба на нејзината влада.

Лидерот на опозицијата, Џереми Корбин повика на гласање за недоверба на владата, против планот за брегзит гласаа 432 пратеници, а договорот го прифатија само 202 патеника.

Спонзорирано: