10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Парламентот во Британија гласа за брегзит – или 29 март или заминување на Меј од функцијата

Британскиот Парламент денеска треба да се изјасни по однос на договорот за брегзитот, што премиерката Тереза ​​Меј го постигна со Европската Унија. Меј ги повика пратениците уште еднаш да го разгледаат договорот за брегзитот и ги одби повиците да го одложи британското повлекување од ЕУ.

„Ги повикувам пратениците од двете страни на Парламентот, без разлика на тоа што ќе одлучат во следните неколку часа, уште еднаш да го разгледаат договорт“, изјави Меј пред Парламентот, пренесува „Индекс“.

Премиерката заклучи дека договорот не е совршен и дека тоа е резултат на компромис.

Таа ги отфрли барањата на некои пратеници да го одложат брегзитот закажан за 29 март, со што би имало повеќе време за да се постигне консензус или да се одржи нов референдум.

„Ќе ја напуштиме ЕУ на 29 март. Верувам дека поради нашата демократија, важно е да ги спроведеме резултатите од референдумот во 2016 година“, рече Меј.

Спонзорирано: