13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нов мобилен оператор во Македонија со префикс 074

На денешен ден пред 22 години, беше направен првиот кабелски приклучок. Следуваа години на постојан развој, ширење на кабелската мрежа во 13 градови, старт на првиот кабелски интернет, фиксна телефонија, оптика до секој дом

– Денес, на 22-риот роденден го најавуваме стартот на нашата нова услуга мобилна телефонија, објави на социјалните мрежи Роби Телекабел, сопственикот на познатата кабловска телевизија која ќе оперира и во мобилната телефонија преку префиксот 074.

Се нудат пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно. Пакетот од 300 денари нуди 200 минути кон сите мрежи и 1 гига интернет, тој од петстотини денари нуди 10 гигабајти интернет и неограничени разговори, додека пакетот од 1500 денари нуди неограничени разговори и неограничен интернет во мобилната мрежа. Цената на смс пораките ќе биде 3 денари.

Продажбата на пакетите започнува на 21 јануари, информира сопственикот на познатата комуникациска компанија.

Спонзорирано: