Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и високиот севернокорејски претставник Ким Џонг Чол ќе се сретнат в четврток или в петок, објави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор.
Се очекува двете страни на оваа средба да го утврдат местото и датумот на вториот самит меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.
Јужнокорејската агенција „Јонхап“, исто така, пренесува изјава од анонимен дипломатски извор кој рекол дека Помпео и Чол би можеле да се сретнат оваа недела.
Спонзорирано: