21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
СВЕТ

Во две несреќи во БиХ загинаа тројца луѓе

Три лица загинаа денеска во две одделни сообраќајни несреќи во Босна и Херцеговина, каде што сообраќајот е отежнат поради новите снежни врнежи, потврдија полициски извори.

Двете фатални несреќи се случиле во утринските часови кај местото Лакташи во близина на Бања Лука.

Во едната од нив двајца патници загинале кога со „голф“ излетале од патот. Освен нив, еден патник е потешко, а друг полесно повреден.

Нешто подоцна, во слични околности, загинал возач на „пежо“, а совозачот бил повреден.

Околностите под кои се случиле овие несреќи сè уште се испитуваат, објави полицијата на Република Српска.

Во близина на Зеница во утринските часови еден автобус што превезувал работници, поради лошите временски услови, се излизгал од патот и удрил во дрво. Меѓутоа, во оваа незгода нема посериозни последици бидејќи никој од петнаесетте патници што оделе на работа не е повреден.

Спонзорирано: